ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПОГЛЕД ПРЕКУ“ НА ВАНГЕЛ СРНАКОВ

WEB Телевизија во живо

Во организација на НУ Музеј – Гевгелија, а поддржана од Министерство за култура на Република Македонија, во Уметничката галерија Амам, во петокот,на 21 октомври 2022 година беше отворена самостојната изложба на гевгелискиот автор Вангел Срнаков, „Поглед преку“
 
На изложбата авторот Срнаков се претставува со дела работени во техника „масло на панел /платно“,поделени во три жанрови на изразување: портрет, пејзаж и мртва природа.
 
Изложбата ја отвори Александар Каракабаков, кустос историчар на уметноста, вработен во НУ Музеј – Гевгелија, кој меѓу другото истакна:
,,Авторот од аспект на својот личен уметнички ракопис преку делата сака да даде поинакво естетско видување на нештата, конкретно на субјектот на перципирање, преку разновидните проѕирни материјали како што се: пластиката, фолијата, стаклото, водата…
 
Тематски акцентираниот видлив емотивен материјал, со својата целокупна визуелна интерпретација и фотографски ликовен третман ја преточува во една порака со апелациски став, согледана од двоен аспект – естетски и еколошки.ˮ

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *