ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЌЕ ГИ ИСПИТУВА МОЖНОСТИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

WEB Телевизија во живо

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, од страна на советниците, беше прифатена иницијативата на советникот од „Левица“, Саше Јанчев, Општина Гевгелија да изработи Физибилити студија со цел основање Јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.
 
За причините зошто ја предложил оваа Иницијатива , советникот Јанчев истакнува:
„Овие денови и месеци сме сведоци на актуелната енергетска криза и енормно висока цена на електричната енергија, која за многу краток период се заканува да ги доведе Општина Гевгелија и институциите чиј основач е истата, во финансиски колапс.
 
Бидејќи, вели Јанчев, домашни и странски познавачи на состојбата укажуваат дека оваа криза и високите цени ќе траат подолг период со заклучок дека, и по смирување на кризата, цената на електрична енергија ќе биде доста повисока од онаа која беше пред почетокот на кризата, ние, како „Левица“, предлагаме Општината благовремено да преземе активности во правец на превенција и санирање на состојбата во која се наоѓа.
 
Со изготвување на Физибилити студија за потенцијалот на Општина Гевгелија за сопствено производство и продажба на електрична енергија преку формирање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија се прави првиот чекор кон идно можно амортизирање на финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план и финансиска добивка која би се инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите на Општина Гевгелија.“
 
Инаку, првична цел на Студијата, според советникот Јанчев, е да се даде одговор за сите поволни локации кои се сопственост или со кои стопанисува Општина Гевгелија (кровови на училишта, градинки, општински згради итн.) за поставување на фотоволтаични панели и централи, потоа колку тоа би чинело, колкаво би било производството на струја, колку би чинело основање и одржување на ЈП кое би стопанисувало со тие централи и дали истото би можело прво самостојно да ги снабди општинските институции со електрична енергија, а потоа и да продава електрична енергија на пазар.
Дополнително Студијата треба да даде одговор на потенцијалот за искористување на потенцијалот за производство на електрична енергија од браната Конско.
 
Имајќи предвид дека се работи за покомплексна материја, со донесувањето на оваа Предлог-Одлуката би се задолжиле надлежните одделенијата од општински сектори, првенствено од Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, Сектор за правни, административни и општи работи и Сектор за финансиски прашања, а кои веднаш би пристапиле кон подготовка на Физибилити студија за просторните и законските можности, како и финансиските аспекти од инвестирање во системи за производство на електрична енергија и формирањето на ЈП со ваква дејност, заклучува Јанчев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *