ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СТИПЕНДИРА СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ, МАШИНСКИТЕ И ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

WEB Телевизија во живо

Совет на Општина Гевгелија, на денешната седница, донесе Одлука за доделување на уште 5 стипендии на талентирани ученици од општина Гевгелија запишани на Медицинските факултети во државата. Покрај веќе доделените 5 стипендии за адакемската 2021/2022 година, Советот одлучи да бидат доделени уште 5 стипендии на студенти запишани во прва година на Медицинските факултети и во академската 2022/2023 година.
 
На денешната седница, Советот на Општина Гевгелија ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за проширување на листата за стипендирање студенти и на другите факултети. Имено, донесена е Одлука за доделување на 5 стипендии за студентите запишани во прва година на Машинските и Електротехничките факултети во државата. За таа цел, Општина Гевгелија ќе распише Конкурс за доделување на стипендиите, а по изборот на добитниците на стипендии, согласно исполнетите критериуми во правилникот, ќе им се исплатат средства во висина од по 6.000 денари за 10 месеци во академскaта година од Буџетот на Општина Гевгелија, врз основа на склучен договор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *