ОД НОВА ГРАДИШКА ПОПЛАДНЕВО ТРГНА УЛТРАМАРАТОНОТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ КОЈ ГО ТРЧААТ 13 МАРАТОНЦИ

WEB Телевизија во живо

Традиционалниот 15-ти по ред маратон, во чест на Тоше Проески, а по повод петнаесетгодишнината од смртта на македонскиот ангел, тргна попладнево во 16:30 часот од Нова Градишка во присуство на амбасадорот на Република Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, претседателот на Советот на Општина Крушево, Андреј Николовски, заменик градоначалникот на Нова Градишка Борислав Видишиќ, претставници на Туристичката заедница на Нова Градишка, и, се разбира, докторката Тереза Гргиќ, докторката која тоа кобно утро на 16 октомври го прими телото на Тоше Проески во Болницата во Нова Градишка.
 
Тринаесет ултрамаратонции од цела Македонија, Наум Капрически, Никола Ѓелов, Фидан Арсовски, Јангел Малинов, Тодор Анчев, Филип Филиповски, Александар Митревски, Дејан Ангеловски, Велко Лозаноски, Филип Василевски, Ангел Делиќ, Дарко Јованов и Димитар Ристовски, од пред споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка, ќе го истрчаат патот од Нова Градишка до Крушево, долг 900 километри.
 
Пристигнувањето на маратонците на последното почивалиште на Тоше Проески, на Гумење, во Крушево, се очекува во недела, на 16 октомври, во 12 часот, каде што крушевчани и овој пат ќе ги пречекаат маратонците со рози за Тоше и ќе ги испратат до неговото вечно почивалиште на Гумење.
 
Тоше Проески, големиот музичар, хуманитарец, морален идол на младите, човекот кој ги обедини Хрватска и Македонија, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка додека патуваше за Загреб.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *