„НОВА МАКЕДОНИЈА“, ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДНЕВЕН ВЕСНИК НАПОЛНИ 78 ГОДИНИ

WEB Телевизија во живо

Првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци, а за негов прв главен уредник е назначен Васил Ивановски. „Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. 

Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. 

Весникот кој сè на сè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. 

Вториот број бил отпечатен во Битола, а од третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје. Весникот излегол дури и на 27 јули 1963 година, ден по скопскиот земјотрес.
 
По бурните транзициски години, обновената „Нова Македонија“ почна да излегува на 30 април 2008 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *