НАРЕДНИТЕ ДВА МЕЧА ОД ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025 ВО КОШАРКА ЌЕ СЕ ИГРААТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Македонската кошаркарска федерација веќе најави дека наредните два натпревари од Д групата во претквалификациите за Европското првенство 2025, македонската сениорска репрезентација ќе ги игра во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.
 
Само првопласираната репрезентација од секоја група ќе игра во квалификациите за ЕП 2025, а другите три ќе имаат дополнителна шанса.
Како што изјави селекторот Јончевски, репрезентативците ќе се соберат на тридневни подготовки, на 7 ноември, пред натпреварот со Норвешка.
 
„Според она што го видовме досега, Норвешка останува наш директен конкурент за првото место. Се разбира, не треба да се отпишат Словачка и Данска, иако ги победивме во првиот циклус, оптимистички најавува селекторот. Можеби, вели тој, ќе решава токму последниот дуел на гости со Норвешка следната година.“
 
Македонија во овие претквалификации, во првиот натпревар на гости против Данска славеше со 73-70, а на вториот во Скопје ја совлада Словачка со 79-75.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *