НА „MOMATA ROCK TRAILS 2022“ ВО ПРИЛЕП НАСТАПИЈА ДВА ЧЛЕНА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО СВОЈАТА КАТЕГОРИЈА, МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ СО ДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
 
По 8-ми пат, денеска во Прилеп се одржа планинската трка „Momata rock trail“ на падините на Селечка планиина. Трката е долга 21 км, со висинска разлика од 1.100 метри, а организатор беше Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп. Стартот и финишот беа пред манастирот Свети Димитрија, над село Селце, во близина на Прилеп.
 
Меѓу стотината учесници, на овој настан настапија и Валентина Узунова, членка на АК „7-ми Ноември“, која овој пат го претставуваше ЗПСК „Кожуф“ и Мијалчо Андоновски, член на гевгелискиот атлетски клуб.
 
И денеска Валентина Узунова покажа дека со право е една од најдобрите треил тркачи во својата категорија во Македонија. Постигна време подобро за 3 минути од лани, што беше доволно да биде прва во својата конкуренција и четврта во генералниот пласман.
 
Мијалчо Андоновски во машка конкуренција трчаше во рамките на своите претходни резултати.
Со ваквите настани Прилеп уште еднаш докажа дека е Центар за развој на екстремниите спортови во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *