НА 20 ОКТОМВРИ 1875 ГОДИНА РОДЕН ДИМО ХАЏИ ДИМОВ, ИДЕОЛОГ И ТЕОРЕТИЧАР НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ

WEB Телевизија во живо

„Бугарската буржоазија, се стреми да создаде една голема и силнa држава на Балканот, една – Голема Бугарија, прикривајќи ја со “национално обединување“. Вашата политика на создавање “Голема Бугарија“, која има за цел хегемонија на Балканот е таква политика, која може да се оставри само преку завојување на туѓи територии и туѓи народи преку војна.
 
Ако сте вие убедени дека во Добруџа живеат Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија живеат Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто тогаш се плашите од формулата на рускиот цар, “мир без анексии, без обешетување и со право на народите на самоопределување“. Ако сте убедени дека некаде (од посочените места – н. з) има Бугари, нека се спроведе референдум и да видиме што ќе кажат“.
Вака говореше Димо Хаџи Димов, идеологот на македонското ослободително движење.
 
Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, на денешен ден 1875 година е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. 
 
Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13 септември 1924 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *