ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ

WEB Телевизија во живо

На 2 ноември (среда) во 19:30 часот во Народниот театар во Гевгелија во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ќе се одржи Одбележување на 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски.
За творештвото на проф. д-р Васил Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски.
 
Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката м-р Стефан Марковски и истиот е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – денот на ослободувањето на Гевгелија.
 
Проф. д-р Васил Тоциновски, роден на 22 август 1946 во с. Стојаково, е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговото дело се врзува за маркантниот опус сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики. 
 
Тоциновски има фундаментален придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. 
 
Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *