ИЗЛОЖБА НА ПЕЈСАЖИ НА ДЕЈАН ИВАНОВ – МАРГУШ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Изложбата „Пејзажи“ од Дејан Иванов – Маргуш ќе биде отворена на 21 октомври 2022 година(петок), во 19 часот, во галерискиот простор на Пионерскиот дом–Гевгелија.
 
На изложбата ќе бидат претставени 20 слики на овој наш уметник работени годинава. Инспирација на уметникот му е нашето македонско поднебје, односно македонските предели.
 
Ликовниот уметник Дејан Иванов Маргуш спонтано ја продолжува неговата сликарска енформелска преокупација. Тој го гради неговиот ликовен свет на спонтан, силно импулсивно но сепак лирски изведен апстрактен пејсаж. 
 
Тие се необични, ефективни со богатство на бои. Иванов е несомено сликар со чувство на пиктурални, пластични вредности. Реминисценции на светот на природата, полн со некаква психолошка и емоционална динамика, со што е одбегнат призвукот на декоративност. Уметникот користи една впечатлива, силна гама на бои. 
 
Енформелот во неговото сликарство е слика која не прикажува, туку се нуди како слика-состојба, како слика-присутност, како чиста егзистенција на напнатоста на материјата во нејзиниот и непредвидлив судир, како чист интензитет на односи и спротивности.
 
Дејан Иванов Маргуш дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Работи и витражи и мозаици. Член е на ДЛУМ од 2005 година. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби и има учествувано во неколку групни претставувања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *