ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА САРАМАНДОВ:

WEB Телевизија во живо

„СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР БОМГАРТНЕР РАЗГОВАРАВМЕ И ЗА ПРОЕКТИТЕ КОИ СЕ ИМПЛЕМЕНТИРАНИ И СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ ВО ОПШТИНАТА СО ПОДДРШКА ОД ЕУ.
 
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов оствари работна средба со францускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер во чиј фокус беше образованието и изучувањето на францускиот јазик и култура во училиштата во општина Гевгелија.
 
Покрај тоа, стана збор и за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија. Пред Бомгартнер, од Сарамандов беше изнесена и информација за предизвиците со кои се соочува Општина Гевгелија и за проектите кои се имплементирани и се имплементираат во општината со поддршка од Европската Унија.
 
Исто така, беа посетени ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, каде на средбата со директорите и наставниците по француски јазик, Бомгартнер беше запознат со изведувањето настава по француски јазик во училиштата во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *