„ГЕВГЕЛИСКИ МОМЕНТИ“- ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ДИМИТАР НОВАКОВ

WEB Телевизија во живо

Од утре, со Изложбата на фотографии од Димитар Новаков, насловена „Гевгелиски моменти“, започнува осумдневната програма со културни, спортски и свечени активности по повод Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. 

Изложбата, во организација на Народниот музеј-Гевгелија, ќе биде отворена во Уметничката галерија „Амам“, со почеток во 20:00 часот, на која ќе бидат претставени фотографии од автентичната гевгелиска архитектура, фасади, улици и сокаци, пејзажи и видици кои го дефинираат вистинскиот идентитет (белег) на градот.
 
Димитар Новаков од Гевгелија е современ фотограф, кој почна да ја освојува македонската фотосцена со својот жар и творечка инвентивност и креирање на исклучително естетски визуелни решенија низ реалистичните фотографии, како и со мали примеси во употребата на магијата на електронската трансформација и трансмутација кај одредени фотографии. 

Фотографијата за Новаков претставува уметност на набљудување, наука и практика во создавање на идеја и креирање на мигови, моменти, спомени и сеќавања и преку страста, симболиката, хармонијата и контрастите доведува до суптилна порака која ги пресоздава човечките мисли и чувства, емоции, интереси и внимание. 

Работи со документарна и објективна фотографија и досега има создадено доволен фонд на концепциски фотографии кои ги има групирано по серии и циклуси со што укажува на фатот дека твори систематски и осмислено, а не само инстинктивно и без предумисла. 

Ова му е трета самостојна изложба во родната Гевгелија, има учествувано во повеќе групни изложби во земјата и странство, а воедно и ментор на одржани две фотографски работилници во склоп на Пионерски дом- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *