ДРАГИ ХАЏИ-НИКОЛОВ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Познатиот гевгелиски ликовен уметник Драги Хаџи-Николов, заедно со уште 23 ликовни уметници од повеќе Европски држави, од 17-ти до 23-ти септември зеде учество на првата македонска ликовна колонија од интернационален карактер што се организираше надвор од територијата на Македонија, во хотелот „Crown“ во местото Неа Скиони на Халкидики.
 
„Виновникот“ за организирање на оваа ликовна колонија е реномираниот ликовен уметник од Кавадарци, Владимир Темков, а во соработка со брачната двојка Татјана и Тони Илиоски, сопственици на прекрасниот хотел „Crown“ на Халкидики.
 
„За една недела, изјави за ТВ Нова 12, Хаџи-Николов, сите учесници на ликовната колонија создадоа 60 уметнички дела во различни стилови, од кои јас создадов три во мојот препознатлив стил.
Може да го изразам моето задоволство што заедно со моите колеги уметници од Македонија, Катерина Ѓорѓевиќ, Милош Милосавлевиќ и Александра Димитрова, бев учесник на оваа прва македонска ликовна колонија во Грција и што во еден преубав амбиент можевме да создадеме убави ликовни дела.
 
Се надевам дека оваа колонија ќе стане традиционална во иднина, а делата што сите ние, уметниците ги создадовме во Грција, ќе бидат прво изложени во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, на 4 ноември, а потоа ќе следуваат изложби и во други градови во Македонија.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *