ДОНИРАЈТЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

WEB Телевизија во живо

Црвениот крст на Република Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борба против гладта со организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“, која се спроведува од 16 до 22 октомври во рамки на „Неделата за борба против гладта“.
 
По повод одбележувањето на оваа недела, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија во соработка со локални гевгелиски компании обезбеди донации во форма на пакети со храна за лица во социјален ризик.
 
Донациите беа обезбедни во соработка со општествено-одговорните компании: “Љупчо- Марина Транспорт”, маркет “Солун-53” и “Вори ДООЕЛ” – Гевгелија.
 
„Изразуваме благодарност до компаниите кои ја поддржаа оваа кампања, а воедно ги повикуваме и сите останати хумани граѓани да се приклучат во истата.
Општествената одговорност е заедничко добро за сите!“, изјавуваат од гевгелискиот Црвен Крст.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *