ДОЛМАТА, МУСАКАТА, ЌОФТЕТО И САРМАТА, ОМИЛЕНИТЕ ЈАДЕЊА ВО ГЕВГЕЛИСКО, МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 100 ВО СВЕТОТ

WEB Телевизија во живо

TASTEATLAS, светскиот атлас за храна, објави рангирање на најдобрите 100 традиционални јадења во светот. TasteAtlas содржи база на податоци со повеќе од 10.000 традиционални јадења и локални производи. Врвните рангирања се составуваат врз основа на признаени 63.402 гласови на корисниците.
 
Иако Македонија и Гевгелија не се директно спомнати во оваа ранг листа, земјите Турција и Грција, од каде потекнуваат овие јадења, а кои и во нашата кујна се обилно застапени, високо котираат на оваа листа.
 
Сармата, која потекнува од Турција е рангирана на високото 10-то место, долмата е на 11-то место, ќофтето е на 20 место, додека мусаката од Грција е рангирана на 57-то место
 
Маргарита пицата од Неапол е прогласена за најдобро традиционално јадење во светот. Турскиот ќебап од Адана е втор, а јапонскиот рамен трет.
 
Најдобра традиционална кујна – италијанска
Најдобар град за традиционална храна – Париз (Франција)
Најдобро сирење – брилат-саварин (Франција)
Најдобар десерт во чокоторта (Аргентина)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *