ДЕТСКАТА НЕДЕЛА ОДБЕЛЕЖАНА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Оваа година под мотото ,,Што му е потребно на детето да расте до небо,, беше одбележана Светската недела на детето.
 
Според декларацијата за правата на децата- ,,Човештвото им должи на децата се најдобро што може да им даде”- затоа да го направиме светот поубаво место за живеење.
 
Вложувањето во децата е вложување во иднината. Бидете среќни, сакани, здрави, почитувани, згрижени мили наши дечиња !!!
 
Нема поголема мисија од таа да им донесеш радост на децата на било кој начин во било кое време. Инспирирани од Меѓународната детска недела која традиционално се одржува секоја година, првата недела од октомври е посветена на децата ширум светот. Оваа недела во сите основни училишта и градинки во Општина гевгелија беше исполнета со активности…
 
-Запознавање со детстките права, но и обврски;
-Литературно и ликовно творење на тема ДРУГАРСТВОТО Е ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СРЕЌА;
-Спортски активности за јакнење на спортскиот дух;
-Хуманитарна акција на ученичка заедница;
-Уредување на училишниот двор во ПУ Мрзенци;
-Доделување на ученички легитимации за нашите првачиња;
-многу љубов, смеа, моменти за паметење…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *