ДЕНЕС ПОВЕЛЕТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА СМОЛАРСКИОТ КОСТЕН

WEB Телевизија во живо

Во падините на планината Беласица непосредно до населеното место Смолари денеска, по пауза од две години, ќе се одржи традиционалата манифестација „Костенијада“.
 
На Фестивалот на смоларскиот костен, кој е во организација на Општина Ново Село учество ќе земат десетина жители од овој регион кои преку низа автентични рецепти ќе ја покажат многукратната употреба на костенот во секојдневната исхрана.
Манифестацијата ќе биде збогатена и со настап на КУД Јане Сандански од Ново Село како и на групата Легато бенд.

,,Целта е да се почувствува атмосферата на подбеласичкиот регион со сите негови убавини но и да се промовира костенот од ова поднебје, соопштија од Општината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *