ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

WEB Телевизија во живо

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври за да се потенцираат милиони луѓе ширум светот кои не можат да си дозволат здрава исхрана и потребата за редовен пристап до храна. Темата за 2022 година е „Никого да не остави зад себе.
 
16-ти октомври е Светскиот ден на храната, во чест на основањето на Организацијата за храна и агрикултура на Обединетите Нации во 1945 година.
11,3 отсто од светската популација е гладна. Тоа е приближно 805 милиони луѓе кои дневно се ненахранети, конзумирајќи помалку од препорачаните 2100 калории на ден.
 
Секоја година повеќе од 20 000 деца дневно умираат. Слабата нахранетост игра главна улога во најмалку половина од овие смртни случаи.
Предизвикот „нула глад“, цели кон иднина каде секој поединец има соодветна исхрана.
 
Ова бара напори за да се обезбеди правото за соодветна храна, жените да имаат поголеми овластувања; приоритет се дава на домашното земјоделство и одржливите системи за храна.
Речиси 98 отсто од светскиот глад постои во неразвиените земји. 

Приближно едно од 15 деца во развиените држави умираат пред возраст од 5 години, најголемиот дел од нив поради глад.
Десет држави кои постигнале најголем успех во намалување на вкупната бројка на гладни луѓе се Ерменија, Азербејџан, Бразил, Куба, Грузија, Гана, Кувајт, Свети Винсент и Гренадини, Тајланд и Венецуела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *