ДЕНЕС Е СПОМЕНОТ НА СВЕТИ ЈОВАН КУКУЗЕЛ. НАЈПОЗНАТ МУЗИЧКИ ДЕЕЦ ВО ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА

WEB Телевизија во живо

На овој ден Светата православна црква покрај споменот на Пресвета Богородица го празнува и споменот на свети Јован Кукузел. Поврзувањето на овие два спомени не е случајно.
 
Свети Јован Кукузел е голем византиски композитор од македонско потекло, заедно со св. Јован Дамаскин се најпознатите музички дејци во Источната православна црква. Тој е познат црковен псалт, композитор, музички теоретичар и голем христијански богоугодник и испосник. 

Неговото дело оставило траги во културите на повеќе балкански народи кои денес подеднакво го проучуваат и слават. Неговата нотација наречена Кукузелова, неовизантиска, доцновизантиска и сл. била во употреба од крајот на 15 до почетокот на 20 век.
 
Од истражувачите на музиката бил наречен ангелогласен, извор на музиката, учител над учителите, голем мајстор на уметноста и сл.
Според некои сознанија св. Јован Кукузел потекнувал од селото Жорноница, во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“, а бидејќи село со вакво име не постои, веројатно се работи за селото Жировница.
 
Што се однесува пак до времето во кое живеел св. Јован Кукузел истражувачите се со различни мислења, но се согласуваат дека тоа било меѓу XI и XV век, но најверојатно живеел во 12 век.
Се истакнал како добар пејач, бил наречен ангелогласен, поради што станал прв пејач во царскиот двор. 

Царот, како свој миленик, имал намера да го ожени за ќерка на некој негов големец, но Јован повеќе од сите земни задоволства, особено од привремената слава што ја имал во тој момент, ги сакал Божјите дарови поради што решил да замине на Света Гора. 

Во тоа време кај царот поради некои манастирски работи престојувал игуменот на Светогорската лавра „Свети Атанасиј“ од кого младиот Јован се запознал со животот во манастирите на Света Гора. Веднаш потоа без знаење на царот, ја фрлил свилената облека, облекол искинати алишта, зел овчарски стап и се упатил кон Света Гора.
 
Зачукал на портата на манастирот „Свети Атанасиј“ и на чуварот му рекол дека е овчарче што сака да живее во манастирот. На игуменот токму во тоа време му требал пастир поради што го примил без размислување. Веднаш бил упатен да ги чува козите, а тој тоа го правел со задоволство, уживајќи во тишината и минувајќи ги деновите во пост и молитви.
 
Ракописите со делата на св. Јован Кукузел денес се чуваат на повеќе места: Лавра Атонска, Синодална Московска библиотека, Дворската библиотека во Виена, Градскиот музеј на Охрид, Државната библиотека во Минхен, библиотеките во Цариград, Атина и многу други поголеми и помали библиотеки, архиви, музеи и сл. низ целиот свет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *