ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

WEB Телевизија во живо

На денешен ден 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во македонскиот град Солун, е формирана Македонската револуционерна организација (В)МРО, како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување и возобновување на државноста на Македонија. 

Таа подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востаниe во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. 

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила, Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајтово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменица, Ениџе Вардарско. 

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимнзија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. 

Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени чети и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *