АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ ВТОР НА 11-ОТ ТЕНИСКИ ТУРНИР „КРУНА ОПЕН 2022“

WEB Телевизија во живо

TК „Круна“ од Гевгелија, викендов, го организираше единаесеттиот по ред урнир во тенис „Круна Опен 2022“, на тениското игралиште во кругот на старата Касарна. На овој турнир учествуваа 25 тенисери од државата на различна возраст од : Гевгелија, Скопје, Радовиш, Штип, Кавадарци, и Неготино.
 
Од гевгелиските тенисери учество зедоа:
Кристијан Џотов, Александар Грујиќ, Слободанка Лозановска, Михаела Попова, Ристо Колчев, Борче Несторов, Петар Лешев, Коста Лозановски, Ѓорге Хаџиниколов, Цветан Нелоски, Драган Вурмо и Јован Туртуров.
 
Финалниот меч на турнирот се одигра помеѓу Кире Лазов од Неготино и Александар Грујиќ од Гевгелија, на кој победи Лазов и го освои првото место. Иако загуби во финалето, Александар Грујиќ уште еднаш го потврди својот талент, имајќи предвид дека во конкуренција од 25 учесника тој го освои второто место.. 
 
Спортскиот настан беше поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските манифестации и настани во општина Гевгелија за 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *