ЖРК „ГЕВГЕЛИЈА“ И „ШАМПИОН“ ДЕНЕСКА ЈА СТАРТУВААТ НОВАТА СЕЗОНА НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

Со натпреварот меѓу Гевгелија и Шампион, денеска и официјално ќе стартува новата сезона во Женската ракометна лига.
 
Екипата на Гевгелија, во новата сезона влегува со поголеми амбиции од лани бидејќи се засили со четири нови ракометарки, Елена Рипилоска и Лиле Димитрова, поранешни ракометарки на Деспина Прилеп, како и двете поранешни репрезентативки на Македонија, Мери Гичева и Ленче Илкова.
 
ЖРК Гевгелија во новата сезона ќе игра во групата А заедно со Скопје, Шампион, Спартак, Куманово, Пелистер, Чаир и Вардар. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, додека екипите кои ќе завршат од 5 до 8 место ќе играат во плеј-аут групата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *