ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ИЗЛЕЗЕ СО БАРАЊЕ, ИЛИ ДА ПЛАЌААТ СТРУЈА КАКО ДОМАЌИНСТВАТА ИЛИ ДА ЈА ПОКАЧАТ ЦЕНАТА НА ВОДАТА!

WEB Телевизија во живо

Директорите на јавните комунални претпријатија одржаа итен состанок во проширен состав со првиот човек на регулаторна комисија Бислмовски.
 
Менаџерите на јавните претпријатија посочија дека им треба итна помош и предложија две сценарија – да плаќаат струја по цена како домаќинствата од третиот блок или да ги поскапат услугите, што значи повиски цени за граѓаните за надоместокот за вода.
 
Бислимовски на состанокот им соопшти дека нема наделжност да ги категоризира во блок 3 бидејќи тоа се коси со законот за енергетика.
 
Ова практично значи дека до овој момент се е неизвесно и дека проблемите на ЈП остануваат нерешни. Ново во целата ситуација е дека АДКОМ за овој проблем повеќе нема да се состанува бидејќи претстои или банкрот или неизвесни работни места.
 
Од здружението АДКОМ дадоа рок до крајот на неделава да се решат нивните барања. По драмтичното поскпаување на струјата АДКОМ повеќе пати алармираше дека без државна помош и логистика не можат да работат со сегашните цени.
 
Инаку, во јавните претпријатија работат околу 15 000 лица. Дел од јавните комунални претпријатија на локално и централно ниво работата со загуби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *