ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА „СОФИЈА“ – БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

Вечер во 19.30 часот во Домот за културата „Бранд Петрушев“ во Богданци ќе биде отворена традиционалната завршна изложба на Графичката работилница „Софија“ –Богданци.
 
На 15-та јубилејна Графичка работилница годинава учествуваа студенти од факултетите и академиите од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Ментор беше професор Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија, а асистент Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците работеа во сите графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат.
Графичката работилница „Софија“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност. На неа досега учествувале повеќе од 200 уметници, поседува фонд од околу 500 дела, а отворена е во текот на целата година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *