ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „ВРСНИЧКИ ФОРУМ ТЕАТАР ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТАТА“

WEB Телевизија во живо

Запoчна проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ кој ќе го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“, во соработка со Општина Гевгелија.
 
Со проектните активности се третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општината во насока на: препознавање, превенција и постапување во однос на овој сериозен проблем. Планираните активности ќе дадат придонес кон создавање училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.
 
Со проектот се предвидува да се постигнат следните цели:
– Зајакнување на капацитите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со врсничко насилство;
– Унапредување на компетенциите на наставниот кадар, психолошко-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со врсничкото насилство;
– Јакнење на меѓусекторската соработка на сите вклучени институции во системски одговор на ситуации на врсничко насилство;
– Зајакнување на компетенциите на вклучените од училиштата за недискриминација по однос на пол и род при постапување во ситуации на врсничко насилство.
 
Во проектните активности ќе бидат опфатени 1400 ученици од четирите основни училишта и од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Општина Гевгелија преку интерактивни едукативни работилници. Дополнително ќе бидат спроведени обуки 245 вработени во образовниот процес – 230 наставници и професори (од кои 70 класни раководители) и 15 стручни работници (педагог/психолог). Во средбите за јакнење на меѓусекторската соработка ќе бидат вклучени 10 претставници од државни институции (Општина Гевгелија, ЈУ ЦСР Гевгелија, СВР Гегелија). 
 
Ќе се реализираат посебни обуки за наставниот кадар, интерактивни работилници со учениците, Форум театарска претстава за родители, ученици и поширока јавност и Работна експертска средба со претставници од училиштата и горенаведените институции.
 
Првата работилница се очекува да се случи на 29 и 30 септември 2022 година со раководните лица на училиштата, стручните служби, како и со претставници од Општина Гевгелија, Министерството за внатрешни работи и Центарот за социјална работа.
 
Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансиранаод Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *