ВО СЕЌАВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ НОВИНАР КИРИЛ СТАМКОВ

WEB Телевизија во живо

На 87 годишна возраст, во родната Гевгелија, почина еден од доајените на гевгелиското и македонско спортско новинарство, Кирил Стамков.
 
Стамков е роден на 12 септември 1935 година во Гевгелија. Основно образование завршува во Гевгелија. Средното образование го започнува во Кавадарци а го завршува во својот роден град. Во Скопје, по звршувањето на првата година на факултет, се вработува како спортски новинар во „Нова Македонија“. Во 1969-та година, се враќа во Гевгелија и работи како новинар во Радио телевизија Гевгелија.
 
Паралелно, соработува, како дописник од Гевгелија, во весниците „Скок“ и „Трудбеник“. Се пензионираше во 2002 година, но неговиот новинарски дух не мируваше. Во 2002 година беше уредник на списанието „Гевгелија 2002“, како промотор на Пионерската школа „26 Април“, која работеше во состав на Спортското друштво „Гевгелија 2002“. Оваа школа имаше и свое лигашко натпреварување во ракомет, низ кое поминаа над 500 пионери од Гњевгелија, Богданци, Миравци и Валандово.
 
Лично ќе го паметам како одличен пријател и новинар, кој соработуваше на спортските страници во регионалниот неделник „Добар Глас“, кој излегуваше три години.
Кирил Стамков беше одличен познавач на спортот не само во Општина Гевгелија, туку и пошироко, и остави неизбришлива трага во гевгелиското новинарство.
Нека му е вечна слава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *