ВО СЕЌАВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВ. ТРИ ГОДИНИ ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА РАСПЕАНИОТ ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ

WEB Телевизија во живо

Денес, се навршуваат три години од смртта на Александар Попов, наставник, музичар и раководител на еден од најпознатите ансамбли за староградска музика од Гевгелија, групата „Распеани гевгеличани“.
 
Чичко Ацо е роден во село Грчиште во 1933 година, седмолетка завршил во Валандово, а учителска школа во Скопје. Дипломирал за наставник по музика на Вишата педагошка школа во Скопје. Од 1958 година па се до своето пензионирање бил наставник по музика во Основното училиште „Крсте Мисирков“.
Како хонорарен наставник, десет години предавал во гимназијата „Јосиф Јосифовски“. Во 1971 година, за потребите на емисијата „Распеани градови“, е формирана групата „Распеани гевгеличани„ група со мешан хор и тамбурашки оркестар, чиј раководител, и заштитен знак стана токму чичко Ацо. Групата има снимено своја лонг плеј плоча и касета со изворни гевгелиски песни меѓу кои се и познатата „Трба, трби гевгелиско, посветена на револуционерот Леонид Јанков, влашката песна „дол лири, дол франги“ и авторската „Песна за Гевгелија“ чиј автор е Александар Попов и која ќе остане засекогаш како обнародена музичка химна на градот Гевгелија.
 
Со своето повеќегодишно постоење, под раководство на Александар Попов, „Распеани гевгеличани“ беа дел од сите свечености кои се одржуваа во општина Гевгелија и другите општини во Република Македонија, учесници се на многубројни натпревари во земјата и надвор од неа и неретко се враќале од тие натпревари со освоени највисоки признанија.
За најголем свој успех, Александар го смета снимањето на хорот на ООУ „Крсте Мисирков“ во Радио телевизија Скопје под продуцентското водство на академскиот музичар Ристо Аврамовски, пет напеви, снимка која потоа ќе се најде и на ЦД.
„Староградските песни што сум ги компонирал, велеше Ацо Попов, беа под влијание на мојата мајка Марија, која беше играорка, мојот татко Тодор, познат Русалија и мојата баба.“
Чичко Ацо, почина на 17 септември 2019 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *