ВО САБОТА, НА 10-ТИ СЕПТЕМВРИ, ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЅУНИЦА 2022-МИРАВЦИ“

WEB Телевизија во живо

Фестивалот „Ѕуница 2022-Миравци “, чиј носител на проектот е миравчанката Моника Јовановска, оснивач на Loomynum Collective, годинава ќе го доживее своето второ издание со музичка програма и уметнички перформанси во природа.
 
На локацијата „Белиот рај“ во Миравци, на 10 септември, се очекуваат посетители и минувачи на трансферзалата Белград- Скопје- Атина да запрат на ден-два и да го посетат овој фестивал кој предвидува учества на артисти од локалната, регионалната и светската музичка и уметничка сцена, а е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на културни настани во општина Гевгелија за 2022 година.
 
„Loomynum Collective, вели Јовановска, започна како идеја помеѓу неколку пријатели од различни земји во јануари 2017 година. Кругот почна да расте со текот на времето и почнавме да организираме поголеми настани низ Европа со многу талентирани уметници кои свират електронска музика. По успешната прва едиција, годинава продолжуваме со исто темпо и ви нудиме уникатна можност заеднички да го испратиме летото и да ги задоволиме вашите апетити за квалитетна музика и модерна уметност. 
 
И оваа година, уметници од различни возрасти ќе творат во природа, слушајќи музика, и тоа во различен временски интервал, со различна музичка позадина, секој музички правец ќе претставува посебен цртеж. На крај, ќе се разгледуваат уметничките дела и на панел-дискусија ќе се разговара за тоа како различните музички правци делуваат врз креативниот процес кај уметниците.
 
Исто така, имаме подготвено и богата музичка програма во чијшто рамки музичари од земјава и странство ќе ви ја претстават својата креативна страна преку внимателно одбрана музичка селекција.
Подгответе се за уште едно незаборавно фестивалско доживување, најавува Моника Јовановска. “

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *