ВО ПРОДАЖБА НОВО ВИНИЛНО ИЗДАНИЕ „ВРЕМЕ НА ЉУБОВТА“ СО ХИТОВИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА КАРИЕРАТА НА „ПАРНИ ВАЉАК“

WEB Телевизија во живо

„Вријеме љубави“ е името на новата винилна компилација на најголемите хитови на една од најдолговечните рок групи на Балканот, „Парни ваљак“. На двојната плоча има 20 големи хитови, најмногу од фазата кога соработуваа со тогашниот Југотон до денес и долгогодишната соработка со Кроација рекордс.
 
Автори и уредници на компилацијата се директорот на Кроација рекордс, Желимир Бабогредац и радио водителот и уредник на програмата Music Pub на Хрватското радио 2, Златко Туркаљ Турки.
 
„Едно од најголемите признанија за секој музички критичар и новинар е поканата и можноста да се изберат песни за последната винилна компилација на една од најзначајните југословенски и хрватски поп-рок групи на сите времиња. За мене ова беше особено важна задача, затоа што тоа е група чии песни ги слушам уште од времето кога како дете ги пеев заедно со гитара на забавите. Парни Ваљак, со интерпретацијата на Аки беше еден од најатрактивните и најдобри концертни бендови . 
 
Покрај тоа, песните на Хус кои ги сакаат сите генерации и немаат рок на траење се вистинската музичка поезија. Токму оваа симбиоза на музичката виртуозност на членовите на бендот, вокалната личност на Аки и препознатливиот ракопис на Хус беа главните насоки во изборот на песните за албумот „Вријеме љубави“, посочува Тукаљ.
 
На компилацијата можеме да најдеме хитови како „Години минуваат“, „Кога ме допираш“, „После сите години“, „Есен во мене“, „Малена“, „Се, уште мириса на неа“, „Дојди“ , „Молитва“, „Повторно се смем“, „Знамиња“ и други, меѓу кои и хит-синглот „Повторно“ објавен неколку дена откако не напушти Аки Рахимовски.
 
Во текот на својата долгогодишна кариера, Парни ваљак создаде голем број хитови, со што означи одредено дискографско време кое може да го наречеме и време на љубовта, а песните кои станаа дел од најновата винилна компилација беа врежани во срцата на многумина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *