СО СРЕЌА ПРВАЧИЊА, ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО, МЕСТО КАДЕ ЌЕ РАСТЕТЕ И ЌЕ УЧИТЕ ЗАЕДНО СО НАСТАВНИЦИТЕ, ВИЕ ОД НИВ, ТИЕ ОД ВАС.

WEB Телевизија во живо

Со ваква порака и со културно-забавни приредби приредени од учениците од погорните одделенија и одделенските наставници на првиот училиштен ден, првачињата беа средечно дочекани во училишните дворови на општинските основни училишта во општина Гевгелија. Општина Гевгелија за 231 прваче обезбеди училиштен прибор како симболичен подарок за преминот во прво одделение.
 
Градоначалникот Сарамандов им посака успешен почеток во основното образование на првачињата и лесно поминати дни во училишните клупи, успешно стекнување нови знаења, другарување и авантури. Исто така, им го честиташе почетокот на новата учебна година и на останатите ученици и наставници во основните и средното училиште во Гевгелија, со желби за многу успеси, продолжувајќи ја традицијата и мисијата на гевгелиските училишта за квалитетно образование на учениците и успешни постигнувања на секое рамниште од воспитно-образовниот процес, за што упати благодарност за нивниот континуиран придонес.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *