ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ БЕА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ДЕНЕС, БРАЧНАТА ДВОЈКА, ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ БЕН И ЛИНДА СЕ ВО КАНАДА.

WEB Телевизија во живо

Сигурно се сеќавате на Бен ван Баардвајк и Линда Рајмерсдал.Тие се брачна двојка од градот Мастрихт, во Холандија, која на денешен ден во 2020 година престојуваше четири денови кај Венци РистовОвие ведри, храбри, и полни со авантура луѓе , благодарејќи на Марина Томова од Changemakers4all, поминаа неколку дена во Гевгелија, на нивниот пат низ светот на кој ќе поминат 100.000 километри.
Ние, Бен и Линда, заедно го истражуваме светот. XPLORid! Заминавме од Холандија на 15 јуни 2020 година. Ќе поминеме со велосипед низ повеќе од 80 земји. Ги преминуваме океаните со (едреник) брод или товарен брод.
 
На луѓето им даваме директна и локална помош. Ние, исто така, поддржуваме (зачувување) проекти на природата.
Патувајќи на овој начин, Бен и Линда не само што среќаваат многу луѓе, туку се запознаваат со многу култури и учат многу за земјата и околината каде што поминуваат со своите велосипеди. Патем да напоменеме, дека тоа се специјални велосипеди за така долги патувања и секој од нив вреди 10.000 евра
Покрај овој социјален аспект, тие исто така поддржуваат проекти за зачувување на природата и за помош на социјално ранливите категории на луѓе. Тие собираат од локалните граѓани по 1 евро за секој километар што го поминуваат. Тоа е еднакво на 100.000 евра за нивните проекти за помош. Во Прилеп го поддржаа еколошкиот проект за зачувување на природата, а во Гевгелија подарија неколку велосипеди за деца од ранливите категории. Ако и вие сакате да ги поддржите во оваа цел, тоа може да го направите многу лесно и безбедно со донирање преку Гиф, во нивната фондација XPLORid.
 
Последно за што пишувавме за нив беше во месец мај, кога ги следевме на нивното патување низ Источна Европа, и, ги оставивме, како чекаат со бродот „Квин Елизабет“ да го поминат водениот пат до Америка.
Од мај до почетокот на август, Линда и Бен крстареа со велосипедите по Источниот брег на Соединетите држави, а кон средината на августб тие веќе влегоа во Канада, преку една од нејзините провинции, Њу Бренсвик.
 
Сега се на пат кон големите канадски градови Квебек и Монтреал. Иако имаат проблеми со канадските визи, сепак ентузијазмот не ги напушта.
За ТВ Нова 12 ни рекоа:
„Тешкотиите и незнаењето каде и дали можеме да најдеме место за спиење, се дел од нашето патување. Но, сите нови работи што ги гледаме и сите локални луѓе што ги запознаваме, тоа е авантура за нашите животи.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *