ПОСЛЕ СИФУЛАЈКА, „БАЗЕНОТ“ НА ЗЕВС, НАЈУБАВИОТ ПРИРОДЕН БАЗЕН НА СВЕТОТ СЕ НАОЃА ВО САМОА

WEB Телевизија во живо

Убавините на излетничкото место „Сифулајка“, и природниот базен, сместен во живописната околина на Конска Река, се надалеку познати во Македонија. Некои велат дека Сифулајка е „базенот“ на Зевс. Во светски рамки пак велат, најубав природен базен се наоѓа во Самоа.Да не бидам локалпатриот сепак Сифулајка си е Сифулајка. Природна убавина и згора на тоа не се наплатува билет за капење, кој на Самоа чини 10 евра.
Природен базен длабок 30 метри и опкружен со зеленило го посетуваат илјадници луѓе годишно за да ја видат природната убавина создадена за фотографии …
Неверојатно убава вегетација, корални гребени, скриени тунели и активни вулкани ја прават Самоа како сет за авантуристички филм . Полинезиска држава лоцирана во западниот дел на Самоаските острови, северо-источно од Фиџи. Ги вклучува островите Саваи, Уполу, Маноно и Аполимо, како и неколку мали, ненаселени острови.
 
Упол е едно од најневообичаените места за пливање на планетата. Омилениот базен ќе го најдете среде поле со лава во близина на селото Лотофага, во близина на спектакуларниот брег што ги поврзува белиот песок и азурниот океан. Океанскиот ров Суа, што буквално значи „голема дупка“, е формиран по ерупцијата на вулкан на островот.
Во смарагдната вода може да се влезе само на едно место – скала со мала платформа. Белиот песок и тропските риби што ползат под нозете придонесуваат за атмосферата од бајките.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *