ПОЧИНА ГЕВГЕЛИСКАТА ЛИКОВНА ЛЕГЕНДА ДИМИТАР ГАСПАРОВ-ГАСПАР.

WEB Телевизија во живо

„УМЕТНИЦИТЕ СОЗДАВААТ ЗА ДА ПОСТОЈАТ“
 
На 86-годишна возраст вчера, по долго и тешко боледување, во Гевгелија почина гевгелиската ликовна легенда, Димитар Гаспаров – Гаспар. Гаспар, кој припаѓаше на сликарите од средната генерација на гевгелиската ликовна школа. Беше плоден автор, кој создаваше графики, слики и скулптури. Мешајќи различни медиуми, Гаспаров создаде свој уникатен и препознатлив уметнички стил.
 
Димитар Гаспаров е роден во 1938 година во Гевгелија, заврши Уметничка школа во Скопје, а Уметничка Академија во Белград. Беше член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија и на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Во 1960 година преку самостојна изложба Гаспаров за прв пат се претставува пред гевгелиската јавност, а подоцна тоа ќе го стори уште седум пати. Излагал и во другите градови во Македонија, во екс Југославија, како и во странство, во Германија, Шведска и САД.
 
Илија Карајанов, во една прилика, за гевгелиските ликовни творци, меѓу кои високо место завзема токму Гаспар ќе запише:
„Во неколку прилики по повод отворањето на ликовни изложби од гевгелиски уметници од страна на академик Георги Старделов и д-р Димитар Ќорнаков беше спомнато дека веќе може да се говори за гевгелиска ликовна школа. Светот на гевгелиските уметници претставува следење и осмислување на еден постојано буден дух, потрага по есенцијалните вредности. Трагањето по хармонијата на боите значи “ носталгија по апсолутот ”, рекол Албер Ками. Да се сфати светот, тоа значи да се сведе на хуманистички возгледи и да се откријат мистичните предели на медитеранските етички и естетски вредности.
Уметниците создаваат за да постојат. Тие креираат за да бидат на сончевата страна на вистината. Тие градат мостови меѓу две епохи, меѓу времето сегашно и времето идно. Нивниот дух е вечно буден архипелаг низ меандрите на минливоста и Сизифовата истрајба.
 
Погребот, на посмртните останки на Димитар Гаспаров ќе се изврши денеска во 14 часот на Градските гробишта во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *