ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ АПЛИЦИРА СО ПРОЕКТ ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА СО КОФИНАНСИРАЊЕ ВО МИЛЕТКОВО

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија ќе аплицира на Јавниот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија со проект: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на животот“, за изградба на фекална канализација во село Милетково.

 Условот за аплицирање е локалната самоуправа да учествува со средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, односно со 50% сопствено учество од вкупната вредност на проектот во висина од 268.354 евра, за што Советот на Општина Гевгелија на денешната 14 седница донесе Одлука за кофинансирање на проектот.
 
Покрај главната активност- изградба на фекална канализација во село Милетково во должина од 1.652 м., проектот предвидува и активности за подигање на свеста и зголемено знаење на населението и општествените чинители за управување со природните ресурси преку кампањи и организација на обуки. Доколку биде одобрен проектот, со неговата имплементација ќе биде решен еден од најгорливиот проблем во населеното место, недостатокот на комунална инфраструктура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *