ОД БУЏЕТОТ,ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОДВОИ 300.000 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛИОТ ДАМЈАН.

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на својата 14 седница донесе едногласна Oдлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија во висина од 300.000 денари за лекувањето на гевгеличанецот Дамјан Хаџи Николов во странство. Имено, Дамјан Хаџи Николов е тригодишно дете со утврдена дијагноза Бета Таласемија Мајор, кој е на продолжено тримесечно болничко лекување по успешната трансплантација во Аџибадем Истанбул, кое чини 60.000 евра. 

За таа цел, одобрените средства од страна на Советот, ќе бидат префрлени на жиро-сметката за донации и наменети за делумно подмирување на трошоците.
Поради неможноста на родителите да ги покријат трошоците, на социјалните мрежи, во тек се апелите за собирање на потребната сума за лекување, за што се достапни броеви на два мобилни оператори за донации, како и можноста за електронско донирање преку веб-страната Gofundme. Покрај тоа, гевгеличани организираат и хуманитарни настани и акции за помош на малиот Дамјан. ОО Црвен крст- Гевгелија на повеќе локации во градот, во кафе-баровите и супер-маркетите поставија кутии за донации, а Гевгелиското Архиерејско Намесништво организираше хуманитарен базар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *