НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1960 ГОДИНА ЗАПОЧНАЛО СНИМАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛМСКА КОМЕДИЈА „МИРНО ЛЕТО“

WEB Телевизија во живо

Во Охрид, на 25 септември 1960 година, почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија.
 
Сценариото беше на Фрида Филиповиќ, а улогите ги толкуваа Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова. Снимен со 35. милиметарска камера и во црно-бела техника, филмот трае 99 минути. Филмот е познат и како првата македонска филмска комедија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *