НА 9-ТИ СЕПТЕМВРИ 1959 ГОДИНА НИКО НЕСТОР СТАНА ПРВ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГО ПРЕПЛИВА ЛА МАНШ, А 1969, НА ИСТИОТ ДЕН ТОА ГО СТОРИ И АТИНА БОЈАЏИ

WEB Телевизија во живо

Нико Нестор е основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш. Тој бил предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.
 
Нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. 

А една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направил и историскиот подвиг – станал првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година.
 
Атина Бојаџи е македонска маратонка во пливање. Уште на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн.
 
Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне само таа и еден пливач од Египет.

Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и доделил орден за храброст. Таа до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Неапол станала светски првак на солени води.
 
Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година, за 13 часа и 20 минути (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *