ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА 19 СЕПТЕМВРИ 1914 ВО СОФИЈА Е УБИЕН СТЕФАН ЈАКИМОВ ДЕДОВ, ПРВ ГО ПРОКЛАМИРА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК СО ФОНЕТСКИ ПРАВОПИС

Стефан Јакимов Дедов (Охрид, 28.X 1869 – Софиjа, 19. IX 1914) е еден од првите македонски публицисти, организатор на македонски клуб со читалиште во Белград. Тој е основач, сопственик и редактор на весникот „Балкански гласник“ со македонски содржини, кој го издава во Белград во 1902 година.
 
Дедов прв јавно го прокламира македонскиот литературен јазик со фонетски правопис, а по забраната на весникот и македонскиот клуб, заедно со Дијамандија Трпков Мишајков, со препорака на рускиот амбасадор, заминуваат во Санкт Петерсбург и стануваат членови-основачи на Македонско научно литературно другарство МНЛД (28.X.1902).
 
Дедов е потписник на Меморандумот до Рускатта влада и до Советот на СПбБО во СПб од 12 XI.1902 година, што преставува прва комплетна македонска националноослободителна програма.
 
Сестрано го помага печатењето на книгата „За македонцките работи од Крсте Мисирков (1903), а со Ефтим Спространов се подготвуваат за издавање весник „Автономна Македонија. Соработува во „Балкански куриеръ“ (1905), „Денъ“ и во други софиски весници (најчесто под псевдонимот Ридски или Р.).
 
Стефан Јакимов Дедов остана доследен на идеологијата на Другарството, но непосредно пред почетокот на Првата светска војна, по порачка на бугарската влада под сомнеж дека е близок до веќе завојуваната Србија, Дедов е убиен во Софија од Славе Иванов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.