МАРИА СТОЈАНОВА :

WEB Телевизија во живо

УПОРНИ СМЕ СО СЕКОЈ „БОШ ФЕСТИВАЛ “ ДА ЈА РАЗМРДАМЕ КУЛТУРНАТА СЦЕНА, ИАКО ЗА АЛТЕРНАТИВНАТА КУЛТУРА НЕМА ГОЛЕМ ПРОСТОР ВО НАШИТЕ МЕДИУМИ.

На 26 и 27 август 2022 година, во Гевгелија, на просторот пред Народниот театар и во Уметничката галерија „Амам“, како и на Ракометното игралиште, се одржа 14-то издание на БОШ фестивалот. Во текот на овие два дена гевгелиската публика можеше да проследи изложби, инсталации, филмови, промоција на роман, работилница за деца, видеопроекции
„14 години фестивал на современа независна уметност. 14 години БОШ нуди визуелна, перформативна и музичка нормалност во Гевгелија,“ истакнува на крајот на фестивалот една од идејните творци на „БОШ“, Мариа Стојанова.
 
Таа не го крие задоволството од добро сработената организација, затоа што сите предвидени содржини биле реализирани, а исто така и од позитивните реакции на публиката
Програмски таа не сака да коментира, затоа што, како што самата вели, од самите почетоци БОШ си ја има зацртано целта кон која се стреми, програма претежно застапена од независната и алтернативната сцена, странска или наша – вели Стојанова, и додава дека по малку е и разочарана што секогаш за алтернативната сцена не се дава некој голем простор по македонските медиуми. 
Но, заклучува таа, ние не се предаваме така лесно, одиме секогаш едно скалило напред, како со продукцијата така и со организацијата.
 
Инаку, овој фестивал, скромно започна пред 14 години, во чест на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски, и полека но сигурно прераснува во фестивал препознатлив на независната културна сцена на нашите простори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *