МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧАРКА ДИНА ЈАШАРИ ДОБИТНИК НА МУЗИЧКАТА РЕГИОНАЛНА НАГРАДА „МИЛАН МЛАДЕНОВИЌ 2022“

WEB Телевизија во живо

Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е четвртиот лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ 2022“, чиешто доделување се одржа вчера, среда, на 21 септември во Белград.
 
“Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ни значи. Ваквата важна награда е голема поддршка за мене и за мојата музика”, рече таа на доделувањето на сцената на културниот центар Дорќол Плац во Белград.
 
Според востановеното правило, кантавторката Ана Ќурчин ја врачи наградата, како минатогодишна добитничка со баладата „Тука“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *