КУД „ТАНЕЦ“ ОД МИРАВЦИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО НОВИ КАРЛОВЦИ, РЕПУБЛИКА СРБИЈА

WEB Телевизија во живо

Две дена, играорките и играорците на КУД „Танец“ од Миравци ќе бидат учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал „Заиграј, запевај, и за појас задени“, чиј организатор е КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци.
 
На овој традиционален , седми по ред фестивал во ова живописно место во Општина Инџија, оваа година ќе настапат фолклорни ансамбли од Унгарија, Бугарија, Република Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.
 
Првата вечер, денес, петок, 23 септември, сите учесници ќе продефилираат низ улиците на Инџија, по што во 19 часот ќе започне концертот во Културниот центар во Инџија, додека утре, сабота, 24 септември, истото сценарио ќе се повтори и во Нови Карловци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *