КРАЈ НА ЕДНА ЕРА. РОЏЕР ФЕДЕРЕР СЕ ЗБОГУВА СО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ТЕНИС!

WEB Телевизија во живо

Крај на една ера. Така во само два збора може да се сумира синоќешното збогување на Роџер Федерер со професионалниот тенис. 41-годишниот Швајцарец го одигра последниот меч во кариерата на егзибицискиот турнир „Лејвер куп“ во Лондон.
 
Пред повеќе од 17 илјади луѓе во распродадената О2 Арена, рамо до рамо со својот најголем ривал и голем пријател Рафаел Надал, Роџер Федерер официјално се прости од натпреварите по 24 години професионална тениска кариера.
 
Кариера без дамки и скандали во која Федерер се етаблира како апсолутно олицетворение на професионализмот и колегијалноста во својот спорт.
 
Со 1251 победа и 275 порази во кариерата и 20 освоени грен слем титули, тој секако имаше причина да биде арогантно самоуверен, но за разлика од многу негови соиграчи, тој никогаш не дозволи егото да го надмине. Остана скромен и тивок, за некои и премногу, па се обидоа (неуспешно) да го врамат неговото тивко совршенство како мана.
 
Светот на спортот памети многу приказни за лути ривали кои не можеле да се поднесат до последен момент, но онаа на Федерер и Надал не е така. Нивната приказна е онаа каде што навивате за противникот дури и кога тој ќе ви ја украде титулата. Приказната каде Надал плачеше можеби повеќе од Федерер синоќа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *