ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ГО ПОСКАПЕ ОГРЕВНОТО ДРВО ЗА 20 ОТСТО.

WEB Телевизија во живо

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Според истиот, цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009 година.
 
Цената на дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар, буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик.
 
Истовремено забранет е и извозот на овие производи.
„Национални шуми“ годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000 метра кубни повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва, а од претпријатието велат дека листата на чекање станува се подолга.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *