ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА ОД ГЕВГЕЛИЧАНКАТА ЈОВАНКА СТОЈАНОВСКА КУХАР.

WEB Телевизија во живо

Во нашата редакција пристигна писмо од Јованка Стојановска Кухар, а со цел со нејзината содржина да биде запознаена јавноста, а надлежните институции да помогнат во решавањето на нејзиниот проблем. Писмото го пренесуваме во целост
„На 24 април 2021 година во Австрија се случи тешка сообраќајна несреќа во која нашиот син А.К беше тешко повреден и падна во кома. Лекарите во Австрија, како тежок случај не се нафатија да ги извршат потребните операции и тој беше испратен во САД. Таму се направени 12 операции и по два месеци А.К се врати во Скопје.
 
Целта на ова мое пишување е дека нашиот син А.К бепше вратен во Скопје без никакви документи, односно ја немаше неговата отпусна листа за да знаеме како родители како да постапуваме понатаму. Не се донесени и лекарствата за кои докторот ни кажа дека ќе треба да ги зема секој ден подолг период на време и дека во отпусната листа е напишано се како треба да постапиме.
 
Помина скоро цела една година и неколку месеци од операциите, ние до денес не сме добиле отпусна листа, нашиот син не ја зема препишаната терапија, не знаеме кои лекови се дадени. Живееме во страв. Не знаеме што е работено, а операциите се правени на главата и на кичмата. Нашиот син веќе се жали на болки во кичмата.
 
Се обративме повеќе пати кај надлежните институции, дури и кај секретарките на одредени македонски политичари З.З и О.С да ни помогната да ја добиеме потребната документација од САД, но секогаш ни беше кажано дека е пренесено до надлежните, но повратен одговор до денес сеуште нема.
 
Затоа ги замолуваме уште еднаш нив, во име на хуманоста да ни ја достават целокупната документација, односно отпусната листа од клиниката каде детето престојуваше, како и записникот од местото на несреќата направен од надлежните во Австрија.
Документацијата ја бараме скоро цела една година, а ни е неопходна, покрај другото да можеме да побараме средства од осигурителната компанија. За направените операции многу пријатели од Македонија и од странство како и роднините ни помогнаа.
 
Сега заради не давање на потребната документација, се обраќаме на овој начин сметајќи дека овие зборови ќе допрат до гореспоменатите политичари. Парите што сме ги позајмиле на луѓето им требаат, и се што ќе се земе треба да се врати.
Во овие моменти ми е многу тешко, посебно што мојата мајка многу беше оптеретена со тоа што не бевме во состојба да ги вратиме позајмените пари од роднините и пријателите. Таа не можеше тоа да го поднесе, да биде должна некому, а најважното не можеше да поверува дека горенаведените личности од политиката така може да се однесуваат и не веруваше и не дозволуваше да се напише нешто за гореспоменатите политичари. Беше премногу оптеретена со нашите долгови, се повлече и на жалост ја изгубивме.
сликата е превземена од TASEVSKI PHOTOGRAPHY

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *