И МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ОД ПОНЕДЕЛНИК, 5-ТИ СЕПТЕМВРИ.

WEB Телевизија во живо

Од понеделник, 5- ти, па се до 7- ми септември 2022 година, матичните лекари ќе бидат на своите работни места, но нема да издаваат рецепти и нема да закажуваат прегледи кај специјалисти. Со државниот празник 8 Септември, во четврток се губи цела недела во опслужување на пациентите.
 
Причините за незадоволство на лекарите се големото зголемување на цените на електричната енергија и материјалите кои секојдневно ги употребуваат и проблемите во работењето со кои се соочуваат веќе подолго време.
 
Тие бараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, повисоки буџети за специјалисти и за амбулантите во руралните средини, како и решавање на проблемите при преземање на пациентите на пензионираните лекари и бришење на дестимулативната скала.
Од Министерството за здравство велат дека работат на изнаоѓање на решение. Иаку, во приватната здравствена заштита има околу 1500 лекари.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *