ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ СЕ ПРЕТПЛАТИЈА НА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА ТРКИТЕ ВО ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

ТОДОР АНЧЕВ ПРВ НА 5 КМ, РИСТО ЧАЛКОВ ВТОР НА 10 КМ.
 
Здружението на друмски спортови ДР.А.СУ од Гуменица, под покровителство на Општина Пајонија и Општинската заедница Гуменица, денеска ја организираа 3-та „Ноќна трка на патот Гуменица“. На двете трки, на 5 и на 10 километри учество зедоа над 200 тркачи, претежно од Грција и Македонија.
На оваа интересна трка настапија и шестмина атлетичари на АК „7-ми Ноември“, кои и овој пат постигнаа одлични резултати.
 
Така, Тоше Анчев во конкуренција на 5 километри го освои првото место, со предност од една минута и половина пред вториот натпреварувач, додека во трката на 10 километри второто место го зазаеде Ристо Чалков.
 
Дарко Прошевски, на 5 километри, беше втор во својата категорија а 13 во генерален пласман, Ангел Делич беше 5 во категорија и 24 во генерален пласман, додека Живко Петров беше 8 во категорија и 15 во генерален пласман.
 
Солиден пласман оствари и Драган Ристов, на трката од 10 километри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *