ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ПРОДОЛЖУВААТ СО УСПЕСИ. РИСТО ЧАЛКОВ ТРЕТ НА „ТЕРМАИКОС“ ТРКАТА НА 14 КИЛОМЕТРИ ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска по втор пат се одржа трката „Термаикос“ долга 14 километри, со кружна рута од Пераја до Агиа Триада во општина Термаикос, Република Грција.
 
На оваа трка, на која учествуваа над 150 атлетичари, настапија и десетмина членови на АК 7-ми Ноември“, Ристо Чалков, Драган Ристов, Тодор Анчев, Валентина Узунова, Игор Коцевски, Ангел Делиќ, Живко Петков, Томе Каркалашев, Срѓан Милошевски и Мијалчо Андоновски.
 
По мошне жешкото време, и високата влажност, сите тие ја завршија трката, додека најуспешни беа , кај машките Ристо Чалков, кој го освои третото место и Валентина Узунова, кај жените која заврши на шестата позиција.
 
Победник на трката беше Мариос Балукас со време 49:52, а на второто место Димитрис Халакатева со време од 53:28. Трет заврши Ристо Чалков со 53:47, четврти Димитрис Циоварас со време 54:15, а петти Никос Партенис со време 56:12.
 
Кај жените прва заврши Василики Карагеоргаки со 1:00:31. На второто место е Крисанти Папа со 1:12:01, а на третата е Хрисула Карагиани со време 1:13:10. Првата петорка ја комплетираа Магда Кипријану (1:19:20) и Марија Пападимитриу (1:20:34).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *