ГЕВГЕЛИСКИ МУЗИЧКИ МАРАТОН.

WEB Телевизија во живо

МУЗИЧАРИТЕ ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА ЗА ПОМОШ ЗА ЕМИЛИЈА И ДАМЈАН

Музичарите уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост. Овој пат тие организираа хуманитарен музички маратон а со цел собирање средства за лекување на нашите млади сограѓани Емилија Николовска и Дамјан Хаџи Николов.
Хуманитарниот маратон, кој се одржа вчера, 15 септември, четврток, во Градскиот театар, собра на едно место музичари од помладата и повозрасната генерација, почнувајќи од веќе етаблираните Леге Артис, Панта Реи, Оливера Станковска Коста и САП Брад’рс и Теодора Гошева, па до помладите музички сили Ангела Зафирова, Дијана Јакимова, Ангели, Димитар Ангов и Кристијан Марковски, Моки, Марија и Крџев, Астра бенд.
На влезот на театрот беа поставени кутии за донации, во кои посетителите донираа средства за побрзо излекување на Емилија и Дамјан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *