ГЕВГЕЛИЈА И УШТЕ 13 ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ДОБИЈА ВОЗИЛА СО ВОДЕНА ПУМПА ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ ПРЕКУ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија, покрај Гевгелија, уште и Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.
 
Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување се овозможува сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби.
 
На настанот на примопредавањето на противпожарните возила на општините под мотото „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“ се одржаа показни вежби за нагласување на потребата за поголема соработка меѓу надлежните и населението.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *