Д-Р ЕЛИЗАБЕТА ЛЕОНИД ПОПОВА-РАМОВА:

WEB Телевизија во живо

НАШАТА ГЕВГЕЛИСКА КАЛИНКА Е ОДЛИЧЕН ХЕРБАЛЕН ЛЕК
 
Доктор Попова, како гевгеличанка, сепак, истакнува едно растение кое го има во јужните краишта, како Гевгелија, а кое е извонреден хербален лек. Тоа е калинката, која е извонредна во лекувањето на ХИВ и сидата, сегмент кој е содржан во вирусите. Затоа препорачува што повеќе да се одгледува калинката во нашите краеви и да се консумира.
 
Начинот на исхрана и физичката активност се најголемите непријатели на сите болести и вируси. Некои болести може да се наследат генетски и не може многу да влијаеме на нив, но може да дејствуваме на некои болести што се добиваат од нездравиот начин на исхрана и од недоволната физичка активност, вели доктор Елизабета Леонид Попова, медицинско лице и научник, која магистирала на Медицинскиот факултет во Скопје, на Катедрата за физикална терапија, а потоа и докторирала на Медицинскиот факултет во Ниш, на Катедрата за физикална медицина и рехабилитација.
 
Досега, кај нас и во странство, има објавено над 200 трудови од областа на физикалната медицина и рехабилитацијата. Во последно време, во нејзиниот научноистражувачки фокус се наоѓаат физичката активност и исхраната кај различни возрасни групи во превенцијата и третманот на болестите.
Исхраната, според Попова, е основната карактеристика на животот. Човекот, како единствено свесно битие во биосферата, со милениуми собира знаење за себе и за својата околина и заклучува дека за него и неговите потомци, исхраната е од огромно значење. Здравјето, работата, репродуктивната способност, должината и квалитетот на животот на човекот во голема мера зависат од исхраната. Храната му дава на човечкото тело структура, функција, регулатива, одбрана и здравје. Храната може да предизвика и болест ако е неправилна или нехигиенска.
 
Генерално, во нашата исхрана треба да внесуваме хранливи супстанции што содржат фитохемикалии, кои, пак, дејствуваат на сите вируси на три нивоа, и тоа, прво, спречуваат тие да се лепат за клетките; второ, ја разоруваат нивната мембрана и трето, доколку влегол вирусот во клетката, не му дозволуваат да се размножува.
 
Пред сè, таа го посочува чајот од жалфија или таблетите од жалфија, како фитохемикалија која дејствува биостатички во третманот на вирусите. Потоа корисен е и цинкот, а него го има во рибата. Куркумата, која е веќе влезена во нашиот начин на исхрана, исто како и црвениот пипер, влијае врз заболувањата на црниот дроб, врз холестеролот и е „убиец“ на болките, нешто слично на „бруфенот“.
 
Корисно е да се консумира ѓумбирот во исхраната, а интересни лековити својства има и каранфилчето. Во стоматологијата, тоа се користи како дезинфекциско средство за усната шуплина, а во себе има супстанција што дејствува во борбата против вирусите. Доктор Попова го истакнува и бозелот како еден вид антивирусен суплемент, но не сокот од него, туку исушените зрнца од неговиот плод, кој се користи против сите видови вирусни инфекции. Тука, таа ги спомнува и лимоновото масло, кое се добива со блендирање на целиот лимон, со корупката и семките, циметот, кантарионот, кој има јако вирустатично дејство, листот од црница, мајчината душичка.
 
Кај нас, сепак, е најраспространето консумирањето на лукот, на црвената и на жолтата пиперка, кои треба да се јадат свежи, како и пиењето зелен чај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “Д-Р ЕЛИЗАБЕТА ЛЕОНИД ПОПОВА-РАМОВА:

  1. Благодарам за убавите зборови, Ви стојам на располагање и за други идни емисии, со цел да ги споделам моите искуства со моите драги гевгеличани. Имено повремено престојувам во Гевгелија во мојата семејна куќа, иако работам во Скопје.
    Поздрав до ТВ НОВА 12.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *